Профил на компанијата

Preparing-Your-Office-for-Summer

Почитувани,

Добредојдовте на нашата веб- страна. Се надеваме дека ова ќе биде само прво од многуте пријатни искуства кои следуваат од Вашата соработка со Брик енд Мортар.

Нашиот тим, кој има заедничко 30- годишно искуство на пазарот за недвижности во Македонија како дел од повеќе компании и проекти, ја формираше оваа агенција со цел бескомпромисно да биде применуван принципот на чесност, отвореност и професионалност, каков што сите наши клиенти можат да посведочат дека сме применувале до сега.

Токму тие, нашите досегашни клиенти, директно не мотивираа, односно беа повод и главен одлучувачки фактор да се формира Брик енд Мортар, после нивни долгогодишни сугестии и изразување на желба за соработка исклучиво со овој тим. А, за среќа нив ги има многу, од сите сегменти на овој пазар, и се надеваме дека ќе станете еден од нив.